Предводени од Конор Мек Грегор ја загубија шестата борба во 31-та сезона на Ултимејт фајтер (ТУФ) против тимот на Мајкл Чендлер.
Курт Холобог го победи Ли Хамонд со завршница во втората рунда.
Славниот Ирец тешко прифати нов пораз, влезе во арената и по кратка расправија го нападна Чендлер.
„Да бевте со нив кога им требаше, можеби ќе покажаа нешто овде“, рекол Чендлер, а Мекгрегор му одговорил:
„Ќе ти покажам, ќе ти го скршам носот будало. Ти си мал Белатор крлеж“.
После тоа Конор насилно го оттурна Чендлер и се може да прерасне во физичка пресметка.
Но, за среќа, обезбедувањето се нашло во октагонот, а шефот на УФЦ, Дана Вајт, интервенирал и ги разделиле двајцата тренери и ја смириле ситуацијата.
А како изгледаше тоа погледнете во видеото: