Тим Цју славеше со моќен нокаут (ВИДЕО)

Австралискиот боксер во средна категорија Тим Цју оостана непоразен во професионалниот ринг. Својата 19-та победа ја постигна откако го нокаутира сонародникот Стивен Спарк.

Во 3.рунда Цју, кој имаше непобитна предност за време на борбата, заврши со убав нокаут. Тој го запре противникот со силен удар во телото и судијата веднаш го прекина мечот.

Оваа година, Тим Цју има веќе четири брзи победи, откако претходно ги нокаутира Џеф Хорн, Бовин Морган и Денис Хоган.

Спарк го претрпе вториот пораз во кариерата. Сепак, тој има изговор, бидејќи го замени титуларниот боксер Мајкл Зерафе пред само една недела и немаше време да се подготви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО