Светското обединето борење го објави списокот со учесници на Олимписките игри во Токио

На Олимпискиот турнир во борење има сериозна конкуренција, а ќе започне за помалку од еден месец.

Во средата Светското обеднието борење (ОСБ/ UWW) го објави целосниот список на учесници кои ќе се натпреваруваат во Токио во грчко-римски стил, слободен стил и жени. 289 учесници од целиот свет ќе се соберат во главниот град на Јапонија во жестока битка за медали.

Натпреварувачи од 60 земји, вклучувајќи го и тимот на бегалци на МОК, обезбедија место за натпреварувањето.

Македонија ќе има еден претставник, тоа е Могамедгаџи Нуров (97 кг) кој на Светското првенство освои бронзен медал, а за Олимписките игри во Токио, според многу стручњаци, го сместуваат во тесна конкуренција за освојување медал, пред се на бронзениот. Според ОСБ, тој е четврти во оваа категорија.

Импресивно е што меѓу 289 борачи има 11 шампиони од последните Игри во Рио де Манеиро во 2016 година. Се издвојува името на ветеранот Михаин Лопез од Куба, кој ќе ја брка 4-тата олимписка титула во грчко-римски стил.

Сите учесници можете да ги видите wres-OG2021 (2).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО