Конор му порача на Пориер: Рингот ќе го напуштиш на носилки!

Конор Мек Грегор продолжува со валканата војна против Дастин Пориер. Третата борба меѓу овие борци привлекува големо внимание, а победникот како награда ќе добие борба за УФЦ титулата во лесна категорија против Чарлс Оливеира. И двајцата борци се уверени во победа, а Конор вети дека Пориер салата ќе ја напушти сериозно повреден.

„Тој е мртов човек чиј задник ќе биде искршен, а потоа ќе мора да го изнесат на носилки“, му порача Мек Грегор.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО