АИБА ја смени датата на Меѓунаридниот ден на боксот

Светската боксерска федерација (АИБА) ја промени прославата на Меѓународниот ден на боксот. Наместо на 22 јули, ќе се слави на 27 август. Одлуката ја донесе претседателот на Умар Крелев, кој сака датумот да се поврзе со првото Светско првенствол под покровителство на АИБА, што се одржа во 1974 година во Хавана, Куба.

Предметното натпреварување се одржа помеѓу 17 и 30 август 1974 година, каде беа крунисани 11 шампиони, а домаќинот Куба беше на врвот по боројот на освоени медали.

Меѓународниот ден на боксот потекнува од Русија во 2017 година, по иницијативата на Умар Кремлев во неговата улога како генерален секретар на Руската боксерска федерација. Во 2019 година АИБА го призна и назначи Меѓународниот ден на боксот кој ќе се слави секоја година и ги охрабри глобалното боксерско семејство, навивачите, партнерите и засегнатите страни да ги здружат силите во прославите.

„Меѓународниот ден на боксот ќе се слави по трет пат ширум светот и оваа година ќе биде нововоспоставен празник. Новиот датум не само што е посветен на еден многу посебен настан во историјата на АИБА, туку на сите им е поудобно да го прослават и по летните одмори. Оваа година очекуваме да се приклучат повеќе земји и да се вклучат повеќе луѓе. Навистина верувам дека овој ден е одлична промоција на нашиот спорт ширум светот“, изјави Кремлев.

АИБА објави дека ќе сподели повеќе детали за свеченостите и нејзините планови за Меѓународниот ден на боксот, а датумот официјално ќе влезе во календарот на организацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО