Тиаго Сантос бара пресметка против Пауло Коста

Бразилскиот борец, 38-годишниот Тијаго Сантос сака да се бори со сонародникот Пауло Коста.

Марета има пет порази во последните шест борби, а во последните два меча годинава загуби од Магомед Анкалаев и на почетокот на август од Хил Џамахал.

Сантос неодамна изјави дека сака да се справи со Коста.

„Слабеев, а тој и луѓето од неговиот тим скокаа во кадата со мраз што беше до онаа со топлата купка, а јас бев во неа. Се забавуваа“, изјави Тијаго Сантос и додаде:

„Не ми покажаа почит, а Коста подоцна изјави дека ќе ме претепа кој ќе стигне. Ако е така и тој го знае тоа, нека ме победи на настанот на УФЦ во Рио“.

Веќе е најавено дека настанот УФЦ 283 ќе се одржи во јануари во Рио де Жанеиро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО