Еди Херн откри што му кажал лутиот Џошуа по поразот против Усик

Промоторот Еди Херн детално го раскажа разговорот што го водел со Ентони Џошуа веднаш по неговиот пораз во поразот од Александр Усик во кој Украинецот ги бранеше појасите на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО.

Џошуа беше многу подобар од првата борба која се одржа лани, но повторно недоволно добар за да го совлада технички одличниот Усик.

И веднаш по поразот Британецот покажа друга страна од себе кога ги фрли појасите надвор од рингот, а потоа сакаше да се пресмета со дел од тимот на Усик и демонстративно го напушти рингот.

Набргу се врати, го зеде микрофонот и имаше прилично чуден монолог, кој го прекина барајќи овации за Усик.

Подоцна се извини и објасни колку му било тешко во тој момент и под каков притисок бил цело време.

Уште еден инцидент се случи при одењето во соблекувалната, кога Малик Валид, судијата на мечот меѓу Филип Хрговиќ и Жилеј Жанг, му порача „остани професионален“, а потоа Ентони побара пресметка. Членовите на тимот го смириле Џошуа и го однеле во соблекувалната.

„Не сакаше да зборува, беше таква атмосферата“, истакна Еди Херн и додаде:

„Се вративме во соблекувалната и тој беше многу фрустриран. Сакав да разговарам со него, а ми рече „сите нека ме остават на мира“. Му одговорив: „Не, нема да те оставам на мира. Морам да ти кажам, добро се боксираше“.

Херн раскажа како поминал нивниот разговор.

„Тој рече: „Не, не боксирав добро, изгубив“, а јас му одговорив: „Не, добро боксираше. Во првата борба не беше добро и ти кажав тогаш. Но, сега, по девет рунди, бев убеден дека ќе победиш“, се присети промоторот на Џошуа и продолжи:

„Усик беше неверојатен во последните три рунди, а победи подобриот. Но Џошуа барем го одведе до крај“.

Британскиот боксер пристигна пред новинарите два часа по мечот.

„Една од најтешките работи за борците е доаѓањето на прес-конференција по борба, особено кога губите. Не сакав да продолжи тој прес, како кога загуби од Енди Руиз, затоа што тогаш доби потрес на мозокот. Но, тој секогаш инсистираше на тоа“, рече Еди Херн и подвлече:

„Па тие два часа добро му дојдоа да се смири и да си ги разбистри мислите. Беше целосна фрустрација, затоа што направи се добро, се трудеше колку што можеше и сепак не беше доволно добар за да победи. Тоа му беше тешко да го прифати“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО