Тежок удар за Русија: ИОК ќе суспендира 387 руски спортисти пред Олимпијадата во Рио

Ruski sportsiti

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) подготвува ригорозна казна за руските спортисти кои очигледно нема да бидат дел од претстојната Олимпијада во Рио.

Откако атлетичарите веќе добија „црвен картон“ и со сигурност нема да бидат дел од Олимписките игри, ИОК наскоро ќе ја објави одлуката за дисквалификација на вкупно 387 спортисти колку што треба да ја сочинуваат руската делегација во Рио.

Причина за ваквата одлука која ќе предизвика многу реакции е тврдењето дека Русија спроведува организирана допинг стратегија потпомогната од државата и токму затоа спортистите нема да имаат право да настапат во Рио, а веројатно и на следната зимска Олимпијада које ќе се одржи по две години во Јужна Кореја.

Исклучок можат да бидат руски спортисти кои се подготвуваат надвор од својата земја и ги почитуваат правилата на Светската анти-допинг агенција, како атлетичарките Јулија Степанова и Дарија Клишина кои во Рио ќе настапат под неутрално знаме.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО