Тете го објаснува рекордниот нокаут: Не можев да славам бидејќи бев загрижен за него

Золани Тете (26-3, 21 КО) доби херојски пречек пристигнувајќи дома во Источен Лондон во Јужна Африка.

29-годишниот „Ласт Борн“ во саботата во Белфаст во прва одбрана на титулата во ВБО во банатам категорија за 11 секунди го нокаутира сонародникот Синоисо Гоњу, што е рекорд во борбите за светската титула.

Тете го собори противник со противиот по шест секунди од борбата. Судијата Фил Едвард почна да брои, но брзо го прекина мечот и го повика медицинскиот персонал да му помогне на Гоњу.

Тете и самиот беше изненаден од брзиот финиш на натпреварот.

„Не го очекував тоа. Планиравме на Гоњу да му дадеме само четири рунди, но само пред првиот удар на гонгот ми текна дека ќе треба да го тестирам или со силен преден директ или со кроше. Се определив за второто“.

„Кога ударот легна, почувствував дека зглобовите ми се закочија и знаев дека нема да има потреба од канонада на удари“.

Вели дека се загрижил откако Гоњу помина шест минути на подот на рингот додека лекарите му укажуваа помош.

„Не можев да славам, бидејќи бев загрижен за него“.

На Тете ова му беше најбрзиот нокаут во кариерата. Во својата трета професионална борба во 2006 година тој го нокаутира Ксолиле Нгемнту за 10 секунди.

„Луѓето имаа обичај да ме потценуваат поради мојот опуштен став. Јас сум добро момче, па луѓето не ме доживуваат како опасен удирач. Но, јас го гасам светлото со двете раце“.

Јужноафриканецот се бори од контрагард, но неговата десница е подеднаково убиствена како и левицата. ДФека е опасен удирач докажа нокаутирајќи го Пол Батлер во првата одбрана на титулата на ИБФ во супермува категорија пред две години во Ливерпул.

Тете сега е насочена на мечевите за обединување, а првата цел му е Ирецот Рајан Барнет, ВБА и ИБФ шампион во бантам, кој не го гледаше мечот на Тете, иако настанот се одржа во неговиот град.

„Мислам дека Барнет се плашеше да дојде да ме гледа. Но, малку е чудно што му дозволи на гостински боксер во неговиот град да направи историја“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО