Тешкашот кој спарираше и со Фјури и со Усика го прогнозира нивниот меч: Тој во сè е едно ниво погоре

Немаме апсолутен шампион во тешка категорија од 1999 година и Ленокс Луис, но тоа наскоро треба да се промени. Тајсон Фјури и Александар Усик би требало многу брзо да се сретнат во рингот и да си ги одмерат силите, а во игра се појасите во тешка категорија.

Различни мислења владеат кога е во прашање овој меч. Некои веруваат дека Фјури едноставно ќе биде преголем за Усик и на тој начин ќе го совлада, додека други веруваат дека Усик е едноставно премногу добар техничар. Британскиот тешкаш Дејв Ален и на двајцата им беше спаринг партнер, а ова е неговото предвидување за натпреварот:

„Сè уште не сум сигурен што ќе се случи, искрено. Мислам дека Фјури ќе победи без разлика на борбата утре, 23.12. или за друг месец. Не се согласувам дека Усик е опасен само во првите шест рунди, ако некој победи во претходните рунди, тоа е Фјури. Искрено, мислам дека Усик не удира доволно силно за да го нокаутира, Тајсон е преголем“, изјави Ален за Про боксинг фанс.

„Тие се премногу слични, многу слични луѓе, мислам дека ќе го сфатат ова сериозно и ќе се обидат да се убијат. Мислам дека Фјури ќе победи, но ќе видиме. Спарирав со Фјури седум години, спарирав и со Усик и едвај ги почувствував неговите удари. Фјури е едно ниво погоре во сите аспекти“, додаде тој.

Не е единствениот кој мисли дека Усик е премал за Фјури, но не треба да се потцени неговиот совршен технички бокс. Како и да е, се надеваме дека ќе ја видиме оваа борба што е можно поскоро и дека подобриот ќе победи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО