Пауло Коста нема да се брои против Чимаев следната недела? Се чека официјално соопштение од УФЦ

Пред некој ден Пауло Коста на социјалните мрежи сподели фотографии од оперираниот лакт, па многумина се прашуваа дали воопшто ќе може да се бори со Хамзат Чимаев за точно десет дена на настанот УФЦ 294 во Абу Даби.

Самиот Коста тврдеше дека мора да оди на операција, но дека тоа никако нема да влијае на неговиот закажан меч против Чимаев на настанот УФЦ 294. Сепак, шефот на УФЦ, Дана Вајт, изјави дека борбата е под голем знак прашалник за следната недела и дека е можно таа да мора да биде откажана.

„Да, можно е. Би требало да знам сè наскоро. Многу брзо. Освен ако некоја ебана голема уста одеднаш не искочи од никаде. Да, во следните неколку часа треба да имам одговор на ова прашање“, изјави Дана на прес-конференцијата по вечерашниот ДВЦС.

Пауло Коста пред неколку недели дојде во Абу Даби каде ги правеше последните подготовки за натпреварот против Чимаев кој треба да се одржи следната недела, а потоа се зарази со стафилокока во пределот на лактот. Инфекцијата дополнително се искомплицирала бидејќи се проширила на тетивите и коските и барала итна операција.

Иако Коста продолжува да уверува дека тоа нема да влијае на борбата против Чимаев, треба да почекаме официјална потврда од УФЦ дека тоа навистина ќе биде така. Коста нема настап од минатото лето и од настанот УФЦ 278, а многу навивачи со нетрпение го очекуваа мечот против Чимаев.

Штом УФЦ се огласи за оваа борба ќе ја пренесеме веста, а се надеваме дека ќе го видиме овој меч на УФЦ 294 следната недела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО