Тешкаш што спарираше со Џошуа и Нгану: Никогаш во животот не се чувствував толку беспомошно

Остануваат само две недели до боксерскиот меч меѓу Ентони Џошуа и Френсис Нгану. Нивната борба ќе биде главен настан во Саудиска Арабија на 8 март.

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија сака да направи подобра борба отколку против Тајсон Фјури и повторно да го шокира светот. Нгану се надева дека ќе ја извојува прва победа во професионалниот бокс против Џошуа.

Џошуа е во добра форма и има три победи во низа. Минатата година ги победи Ото Валин, Роберт Хелениус и Џермејн Френклин.

Перспективниот британски тешкаш Мети Харис го даде своето мислење за борбата помеѓу Еј Џеј и Нгану по спарингот со двајцата.

Харис моментално има 5-1 како професионалец, а последната борба ја загуби минатиот јули против Украинецот Констијантин Довбишченко.

„Џошуа ќе помине преку Нгану“, тврди Мети Харис, но истакнува дека камерунскиот удирач може да биде голема закана за сите:

„Нгану е предизвик за секој борец поради неговата физичка сила. Тој е неверојатно силен. А тоа ви е јасно уште од првиот момент кога ќе го сретнете во рингот, веднаш по првиот клинч. Претпоставувам дека тоа го изненади и Фјури. Тој е многу силна личност и неговите стомачни мускули се неверојатни. Никогаш не сум видел некој толку моќно изграден. Се сеќавам кога ме зграпчи за време на спарингот, во мал клинч, никогаш во животот не се чувствував толку беспомошно“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО