Теофимо Лопез продложува да бега од реванш со Ломаченко

Светскиот шампион во лесна категорија – Теофимо Лопез, останува цврст во својата чудна одлука да не му даде реванш шанса на поранешниот хегемон во дивизијата Васил Ломаченко.

Тие се сретнаа минатиот октомври во меч за трите светски титули на Украинецот. Иако Матрикс важеше за фаворит против помладиот Лопез, Американецот со корени од Хондурас успеа да изненади и да победи со едногласна одлука.

По средбата, беше извесно дека двократниот олимписки шампион има сериозна повреда на рамото, поради што беше опериран.

Лома се врати убедливо порано во 2021 година, нокаутирајќи го Масајоши Накатани. Веднаш по победата 33-годишниот Европеец повторно побара реванш, но Лопез продолжува до ден-денес да одбива да се сретне со Лома.

„Не гледам поента да се борам со Ломаченко или да останам во таа категорија“, рече Лопез.

„Направив се што сакав – го победив „Човекот“ и ги обединив трите појаси. Сега сакам да се качам во полусредна или средна категорија. Сакам да ги обединам титулите таму и да станам апсолутен шампион.

„Јас веќе го победив и сега мојата цел е да напредувам за да освојувам нови имиња и врвови. Се на овој свет се случува со причина. Кога требаше да биде цврст, не можеше да одолее. Сега гледам само напред“, додаде Лопез, кој се подготвува да ја одбрани титулата против Џорџ Камбосо на почетокот на октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО