Теофимо Лопез: Јас сум голем боксер

Шампионот во лесна категорија на ИБФ, Теофимо Лопез не покажа лажна скромност пред суперпресметката со Васили Ломаченко и се дефинираше како голем боксер.

23-годишниот непоразен американски талент до 15 средби 12 ги добил со нокаут, но не смета дека ова е неговиот единствен квалитет. Лопез рече дека ќе се потпре не само на силата, туку и на интелектот против Лома на 17 октомври во Лас Вегас.

https://www.instagram.com/p/CGIjvbGlAs-/?utm_source=ig_embed

„Знам дека ќе го победам Ломаченко, затоа што имам самодоверба. Јас сум млад боксер. Имам брзина. И многу сила. Имам боксерски способности. Многу луѓе не знаат за тоа, но јас сум навистина одличен боксер. Не се потпирам само на силни удари, луѓето сметаат дека тоа е моето единствено оружје. Но, јас сум и многу паметен во рингот, луѓето ќе бидат убедени во тоа на 17 октомври“, се закани Лопез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО