Џон Џонс призна дека се криел под октагонот од допинг инспекторите

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Џон Џонс е во отворена медиумска војна со шампионот во средна категорија Израел Адесања.

Двајцата постојано „договараат“ средба меѓу нив, но засега сè останува на ниво на разговор и закани на социјалните мрежи.

Последен пример е нападот на „Коски“ врз Адесања, при што тврди дека актуелниот шампион роден во Нигерија користи недозволени стимуланси. Џонс за време на мечот меѓу Адесања и Коста напиша коментар дека брадавиците на Новозеландецот изгледаат поинаку, што е резултат на земање стероиди.

Сепак, Адесања не му остана должен на нападите и потсети на јавната тајна од минатото, која овој пат ја поддржа и самиот Џонс.

Американецот повеќе пати во кариерата имаше проблеми со допинг тестовите и многу добро знае како стојат работите со спортските комисии и Американската антидопинг агенција.

Откако Адесања на своите приврзаници им откри дека спиел под октагонот во 2010 година за да заштеди време за тренирање, тој потсети дека и Џонс бил под кафезот, но од сосема различни причини.

„Се криев од Атлетската комисија во Невада, а не од Антидопинг агенцијата на САД и тоа се случи пред многу години“, потврди Џонс.

„Само што пушев трева и се плашев дека ќе ме фатат за марихуана. Ова е вистината. Сега секој ја знае “, додаде поранешниот хегемон во полутешка категорија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО