Тенерифе нова шанса за медал на Светското првенство за младите каратисти

 

Во понеделник македонската карате репрезентација ќе отпатува на Светското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Тенерифе, Шпанија,  која брои 25 натпреварувачи во борби и кати во поединечна конкуренција и два ката тима.

На СП ќе настапат 1710 натпреварувачи од 38 земји во светот.

Во нашиот состав има повеќе медалисти од европските и светските шампионати како Петар Заборски, Петар Спасеновски, Моника Пендаровска, Вероника Костовска, Фаил Весели, Столе Смилковски, Маријана Димовска итн. Така, имаме потенцијал во силна конкуренција да се избориме за медал.

Репрезентацијата ќе ја водат тренерите Стојан Андриевски – кати, Александар Кузамновски – борби кадети и јуниори и Арлинд Хусеини – борби У-21.

Тенерифе е среќно место за македонското карате, бидејќи во 2005 година е освоен првиот сениорски медал во независна Македонија на Европското првенство за сениори женскиот ката тим – Симона Тасевска, Тамара Рибарска и Ивана Димитрова го освои бронзениот медал.

Репрезентација на Македонија за СП 2017:

Кадети борби
-47 кг Марија Милева – 45 натпреварувачи

-52 кг Дритон Халими – 55
-57 кг Марио Свинарски – 59
-63 кг Христијан Стојановски – 51
-70 кг Иво Мишачковски – 46

Јуниори борби
-53 кг Драгана Манговска – 48
-59 кг Вјолца Гафури – 58
+59 кг Симона Симовска – 45

-55 кг Столе Смилковски – 57
-61 кг Фаик Весели – 60
-68 кг Роберто Ацковски – 68
-76 кг Филип Несторовски – 69
+76 кг Вегим Мурати – 48

У-21 борби
-55 кг Моника Пендаровска – 45
-61 кг Вероника Костовска – 49
-68 кг Ангела Мојсовска – 42

-60 кг Давид Петков – 55
-67 кг Димитар Илиевски – 65
-75 кг Петар Заборски – 69
-84 кг Петар Спасеновски – 56
+84 кг Семир Ќосовиќ – 38

Кати кадети
Владанка Аврамова – 39 натпреварувачи
Александар Неделковски – 46

Кати јуниори
Киријана Камческа – 43

Кати У-21
Маријана Димоска – 42

Кадетско-јуниорски ката тимови
Миа Маневска, Владанка Аврамова, Ивона Мустаровска -18
Георги Банковски, Јован Васиќ, Христијан Димитриевски – 21

Ipon.mk/В.Д.

Фото: ФБ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО