АктуелноБоксПрофесионален

Таткото на Тајсон Фјури го откри планот за „рестартирање“ на поранешниот шампион

Откако беше во аголот на својот син Роман за неговата контроверзна победа во саботата во Германија, Џон Фјури го насочи вниманието кон најстариот син, Тајсон Фјури. Навивачите во последно време ја критикуваат формата на поранешниот шампион, нарекувајќи го „дебел“ откако на социјалните мрежи се појавија снимки од неговиот тренинг камп во Тајланд. Според неговиот татко, целта е јасна – да се врати Тајсон во најдобрата форма во животот.

„Сакам да видам каде е Тајсон и што останало од него“, изјави Џон Фјури за ИФЛ ТВ по победата на Роман. „Ќе направиме три месеци вистински тренинг, ќе ставиме мускули на таа рамка и ќе ги отстраниме тие… работи од страните“.

Тој верува дека трансформацијата е целосно остварлива ако пристапите правилно.

„Може да се направи. Ќе му дадеме солидна основа за борба – силна фигура, силни рамења, силни раце и стабилност. Не сакам да го гледам со раце како шпагети. Го сакам голем, мускулест и импозантен“.

Џон Фјури е убеден дека ако неговиот син ќа ја врати физичката форма и ќе ја комбинира со своите препознатливи движења и техника, патот назад кон врвот останува отворен.

„Ако го врати тоа тело и движење, може да ја врати која било светска титула при првата можност“, заклучи тој.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON