АктуелноБоксПрофесионален

Шампионот на ВБА го предизвикува Фјури, но сака „добри пари, место и датум“

Актуелниот интерконтинентален шампион во тешка категорија на ВБА, Арсланбек Махмудов од Русија, одговори на барањето на Тајсон Фјури да се бори со него за прв пат откако се врати од пензија.

„Еј, Џипси Кинг. Мислам дека веќе знаеш за мене. Би сакал да ти кажам да бидеш подготвен. Ако даде Бог, ќе се сретнеме. Каде и да е. Прати ми го местото и датумот. Секако, парите мора да бидат добри.

Ќе се бориме и ќе откриеме кој е најдобар. Ништо лично, само спорт. Целосно почитување. Британски навивачи, ве сакам. Запомнете го моето име, ќе ме сакате“, рече Махмудов во интервју за „Бокс кинг медиа“.

Фото: Скриншот Јутјуб

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON