АктуелноБоксОстанато

Американската поштенска служба ќе издаде комеморативна марка со ликот на Мухамед Али

Американската поштенска служба ќе издаде комеморативна марка со ликот на боксерот Мухамед Али, објави НБЦ њуз.

Првата марка со ликот на Али ќе биде пуштена во продажба на 15 јануари во родниот град на боксерот, Луисвил. Марките ќе содржат црно-бела фотографија направена од Асошиејтед прес во 1974 година од Али во неговата исконска боксерска поза.

Секој лист од 20 марки ќе содржи и фотографија од Али во пругасто одело, како признание за неговите достигнувања како активист и хуманитарец. Медиумот забележуваат дека се испечатени 22 милиони марки и не се планирани препечатувања откако ќе бидат продадени.

„Ова е само едно од оние нешта што ќе бидат дел од неговото наследство. Треба да се сетиме на животот на Мухамед Али и да ги правиме истите дела на добрина и сочувство што тој ги правеше секој ден“, рече неговата сопруга, Лони Али.

Мухамед Али е еден од најпознатите професионални боксери во историјата, кој освои залтен медал на Олимписките игри во 1960 година, неприкосновен светски шампион во тешка категорија (1964-1966, 1974-1978) и петкратен освојувач на титулите „Боксер на годината“ и „Боксер на деценијата“.

Во текот на кариерата водел 61 борба, од кои победил во 56 (37 со нокаут). По пензионирањето, бил амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ (1998-2008). Мухамед Али почина во 2016 година на 74-годишна возраст.

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON