АктуелноМеѓународна сценаММА

Александар Волкановски би можел да ја заврши кариерата ако УФЦ 325 „тргне катастрофално наопаку“

Александар Волкановски призна дека сè повеќе размислува за временската рамка за крајот на неговата ММА кариера, но нагласи дека УФЦ 325 не е планиран како негова последна борба – освен ако нешто сериозно не тргне наопаку.

Откако во април ја врати титулата во перо категорија извојувајќи победа со едногласна олдука над Диего Лопез на УФЦ 314, шпекулациите околу иднината на Волкановски се интензивни. На 37 години Австралијанецот со македонско потекло е професионалец речиси 14 години и има епски борби и тешки порази со нокаут.

Сепак, Волкановски влегува во реваншот против Лопез на 31 јануари во Сиднеј без намера да „ги обеси ракавиците“.

„Не знам точно од каде дојде овој муабет за пензионирање“, изјави Волкановски за „Шоуто на Ариел Хелвани“. „Можеби луѓето ме задеваат затоа што велам: „Колку време ми останува“? Ако ме претепаат и сериозно се повредам, дали ќе се вратам да се борам? Не. Но, тоа не е мојот план. Освен ако нешто не тргне наопаку, планирам да продолжам“.

Австралијанецот јасно стави до знаење дека доколку повторно се соочи со Лопез на УФЦ 325, би сакал неговиот следен противник да биде непоразен кандидат – како Мовсар Евлоев или Лерон Марфи. Таквата борба би можела дури и да биде „бајковита“ завршница, иако тоа не е однапред одреден заклучок.

„Идејата да се соочам со непоразен борец во УФЦ е многу привлечна“, призна Волкановски. „Можеби тоа би била борба со која ќе завршам. Но, во моментов планот е да дадам се од себе – да кренам рака за победа, да претрпам минимална штета, да направам брз пресврт и да продолжам да се борам. Немам цврста одлука да се пензионирам“.

Волкановски беше целосно искрен со своите приврзаници дека неговото време како активен борец не е бесконечно и дека не замислува да се бори на 40 години. Затоа верува дека преостанатите борби треба да се ценат.

„Не можам да ветам уште три или четири години“, рече тој. „Но, не планирам да се повлечам по оваа борба. Очекувам да победам, да дадам изјава, да ги направам фановите среќни – а потоа ќе видиме што ќе се случи. Можеби тогаш ќе дојде борба што навистина вреди да биде последна“.

Планот на Волкановски е јасен: да покаже барем уште неколку пати зошто го носи прекарот „Великиот“ пред да дојде време да се откаже.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON