Таткото на Мејведер: Конор има добра база, но Флојд ќе го растури (ВИДЕО)

mejevder-senior-mek-gregor

Идејата за дуел меѓу Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор продолжува да привлекува внимание и не престанува да биде тема на разговор и изјави.

Сега се огласи и таткото на Флојд – Флојд Мејведер Сениор изјави дека неговиот син ќе го „растури“ Мек Грегор, ако некогаш се сретнат во боксерскиот ринг.

„Човече, Флојд ќе го растури. Дури Флојд и да не е удира најсилно, може да го работи цела вечер со директно погодци и да го раскрвави“.

Репортерот му покажа на Мејведер – кадри од дуелот на Конор Мек Гегор со Еди Алварез во кој Конор повторно покажа одличен страјкинг. Мејведер призна дека Ирецот има добри основи за бокс, но тие не можат да се споредуваат со вештините на неговиот син.

„Не мислам дека базата му е лоша. Но, треба да знаете дека таа не можа да се споредува со онаа на Флојд. Имаат различни нивоа“.

Видете го и видео од интервјуто со Мејведер – постариот, вклучувајќи го и тоа како го гледа видео претставувањета на Мек Грегор против Алварез:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО