Таткото на Фјури се сомнева дека Тајсон ќе биде подготвен за мечот против Усик во февруари: Нема доволно време

Борбата за обединување на светската титула во бокс во тешка категорија меѓу Тајсон Фјури и Aлександар Усик беше планирана за 23 декември, но откако Кралот на Ромите имаше меч против Френсис Нгану, Британецот побара одложување.

Неизвесноста кратко траеше, а по само неколку дена беше договорен нов датум за големата пресметка на двајцата непоразени тешкаши – 17 февруари.

По краткиот одмор, на радост на својот тим, Тајсон Фјури веднаш се врати на тренинзите за да има повеќе време подобро да се подготви за борбата против Украинецот.

Кралот на Ромите мислеше дека ќе има лесна задача против Френсис Нгану, но поранешниот шампион на УФЦ беше одличен и му направи многу проблеми на Фјури, кој дури во третата рунда заврши во нокдаун.

На крајот, шампионот на ВБЦ победи со поделена одлука на судиите, додека Нгану во своето деби во рингот заработи огромни симпатии од љубителите на боксот ширум светот.

Фјури нема многу време целосно да се опорави од тој меч, бидејќи колку и да зборува и да го нарекува противникот „колбас“, многу добро знае дека Усик ќе биде најголемиот предизвик во неговата кариера.

А за тоа е свесен и Џон Фјури, таткото на Џипси Кинг, кој веќе изрази загриженост за физичкиот изглед и не многу убедливиот настап на неговиот син против Нгану.

Таткото на Фјури во едно неодамнешно интервју изјави дека се сомнева дека Тајсон ќе биде подготвен во февруари за натпреварот против Усик.

„Тајсон мора да биде подготвен до 17 февруари, но мислам дека му треба уште малку време за да ја доведе својата кондиција и килограми на вистинско ниво“, изјави Џон Фјури за „Метро“ и додаде дека е загрижен поради бројот на удари што неговиот син во последно време ги добил :

„Сега добива повеќе удари отколку што имал во целата своја кариера, а тоа може да му ја скрати кариерата, тоа е она за што ме загрижува. Тајсон е извонреден човек, но понекогаш треба да го слуша малку здравиот разум“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО