Таткото на Фјури е загрижен за синот и ги прозва промотерите: Тие ги гледаа само своите интереси

Промоторот на Џошуа, Еди Херн смета дека тимот на Фјури можел да направи повеќе за да го спаси мечот за апсолутен светски шампион во бокс. Сопственикот на Мечрум бокс е лут на колегите Боб Арум и Френк Ворен што не сториле ништо за да ја спасат борбата за титулата меѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури, за која се преговараше со месеци.

Во меѓувреме, Фјури прифати судир против Вајлдер и ќе го брани шампионскиот појас на ВБЦ во Лас Вегас на 24 јули. Но, не само што Херн беше лут на промоторите на Кралот на Ромите, и таткото на Фјури го изрази своето незадоволство.

„Тајсон има 20.000 луѓе околу себе и кога сте на врвот тогаш собирате многу пијавици, едноставно се закачуваат на вас. Вие сте возбудени цело време да се борите со еден човек и одеднаш сè се менува. Тој потпиша договор за нешто сосема друго“, Џон Фјури и додаде:

„Сега тој може да го обвини својот тим. Никогаш не треба да брзате, бидејќи не излезе добро. Тајсон веќе беше ментално на мечот против Ентони, а јас сакав да се бори против него. Вајлдер воопшто не ме интересираше, му реков да го фрли појасот во ѓубре и да оди да се бори со Џошуа.

Средбата за обединување на титулата меѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури беше закажан за 14 август во Саудиска Арабија, но таа борба засега е одложена.

И, прашање е дали воопшто ќе се одржи. Таткото на Фјури знае дека Тајсон сега треба да најде нова мотивација, а тоа може да биде многу тешко.

„Загрижен сум за него, бидејќи сега сè треба почне од почеток. Што ако е премногу самоуверен и направи грешка. Постои можност сè да оди во погрешна насока. Не го разбирам ниту Вајлдер, зошто да не земе 20 милиони долари без борба, со гаранција дека е следниот што ќе добие борба за шампионската титула. Се чини дека некои сили се заплеткаа и сега ги принудуваат и двајцата во стапица“, посочува Џон Фјури и заклучува:

„И Тајсон и Џошуа можат да изгубат, затоа што ќе размислуваат еден за друг, а потоа ќе направат нешто друго. Тие беа мотивирани за најголемата борба во историјата, а сега ќе имаат предборба за загревање. Ми се чини дека Боб Арум се грижеше за своите интереси и се се вртеше околу парите. Тие не сакаа борба во Саудиска Арабија, а арбитражата можеше да биде решена и во декември. Знаеја дека претстои одличен меч и не направија ништо. Сега сето ова е голем сон“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО