Татко му на Хабиб смета дека син му има поголеми шанси на средбата со Мејведер отколку Мек Грегор

УФЦ ѕвездата Конор Мек Грегор своето деби професионално деби во боксот го направи во 2017 година, против непоразената легенда Флојд Мејведер Јуниор. „Мани“ Мејведер сепак успеа да го победи својот атрактивен противник со ТКО во 10-тата рунда.

По враќањето во октагонот Ноториус се сретна со непоразениот светски шампион Хабиб Нурмагомедов на УФЦ 229 и претрпе пораз во четвртата рунда.

По средбата, исто така и Нурмагомедов го предизвика Флојд Мејведер на бокс меч. На ова прашање, во едно неодамнешно интервју, татко му Абдулмап истакна дека неговиот син ќе имаат подобри шанси да го порази Флојд Мејдетер отколку што ги имаше Мек Грегор.

„Имајќи ги предвид боксерските правила, Хабиб има реална шанса да победи. Со сигурност има подобра шанса од Мек Грегор. Хабиб би можел да го фати својот противник во клинч“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО