Бобан Илиоски со нокаут до бронза, го мерка финалето на Европскиот шампионат (ФОТО)

Бобан Илиоски со нокаут во втората рунда го обезбеди вториот бронзен медал за Македонија на Европското сениорско првенство во кик бокс во Братислава, Словачка.

Бобан Илиоски (-81 кг) во најтешката дисциплина – К1 славеше против Хрватот Гај Гошиќ,. Со победата се пласира во полуфиналето каде што го чека Дмитри Баранау од Белорусија. Бронзата е обезбедена, па Илиоски има прилика да ја претвори во сребрен или златен медал со пласман во финалето. На протовникот му броеја три пати – две во прва и едно во втора.

Да потсетиме дека денска порано трикратниот светски првак Димитар Ѓоргиев го обезбеди бронзениот медал со победата над Унал Озлеме (Турција) со 3-0, а во полуфиналето ќе се бори против Србинот Милош Цвјетичанин ќе атакува на финалето.

Ова е добар резултат на нашите претставници, бидејќи отпатуваа само тројца кикбоксери.

 

Резултати Европско првенство кик бокс – Словачка

-57 кг, кик лајт
Филип Ризов – Матија Форнаро (Италија) 1/8 финале 1-2

-86 кг, лоу кик
Димитар Ѓоргиев – Унал Озлеме (Турција) ¼ финале 3-0
Димитар Ѓоргиев – Милош Цвјетичанин (Србија) ½ финале

-81 кг, К1
Бобан Илиоски – Гај Гошиќ (Хрватска) ¼ финале 3-0 (КО, Р2)
Бобан Илиоски – Дмитри Баранау (Белорусија) ½ финале

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО