Димитар Ѓоргиев обезбеди бронза на Европското пренство, ќе атакува на финалето

Димитар Ѓоргиев го обезбеди бронзениот медал на Европското кик бокс првенство за сениори во Братислава, Словачка, а против Србинот Милош Цвјетичанин ќе атакува на финалето.

Ѓоргиев во четвртфиналето го совлада Унал Озлеме (Турција) со 3-0.

Се очекуваи настапот на Бобан Илиоски (-81 кг, К1) против Хрватот Гај Гошиќ, а со победа и тој ќе обезбеди најмалку бронзен медал.

Резултати Европско првенство кик бокс – Словачка

-57 кг, кик лајт
Филип Ризов – Матија Форнаро (Италија) 1/8 финале 1-2

-86 кг, лоу кик
Димитар Ѓоргиев – Унал Озлеме (Турција) ¼ финале 3-0
Димитар Ѓоргиев – Милош Цвјетичанин (Србија) ½ финале

-81 кг, К1
Бобан Илиоски – Гај Гошиќ (Хрватска) ¼ финале

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО