Тарик Осаро: Верувам дека Верховен го помина својот врв

Тарик Осаро верува дека ќе го победи Рико Верховен бидејќи го поминал својот врв во кик боксот.

Верховен и Осаро ќе ги обединат титулите во тешка категорија на Глори. Нивната битка е насловна на настанот Глори колишн 6 што ќе се одржи на 4 ноември во Арнем, Холандија. Тарик дефинитивно може да приреди изненадување против Верховен.

„Куки“ веќе прогнозира дека ќе го нокаутира Верховен. Сега се подготвува за најважната борба и верува дека ќе победи.

„Верувам дека Рико го помина својот врв. Мислам дека нема да биде стариот Рико. Човекот има премногу стимулации надвор од кикбоксот. Повреда, неговата филмска кариера и раскинувањето на неговата претходна врска.

„Веќе се гледам себеси како победник во битката со Верховен“, изјави Осаро.

Осаро има 12 победи (7 со нокаут), 2 порази и 2 нерешени борби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО