Тархан Демиров: На 14 октомври ќе славиме шампионска титула во Младинската бокс лига

Годинава во Првата и Младинска бокс лига најмалдиот штипски клуб „Фамилија Демирови“ е на врвот и најавува атак на шампионската титула во Младинската лига.

По четири кола Фамилија Демирови се во водство со 9 бода пред Ас од Прилеп во Младинската лига. Имајќи ги предвид резултатите од 5.коло, овој боксерски клуб ќе ја задржи водечката позиција на табелата.

„Како тренер на боксерите од Фамилија Демирови јас сум многу задоволен од моите боксери. Како тренер вложив труд за да се бориме за титулата, а моите шампиони докажаа дека како клуб сме подготвени да се носиме со боксери и надвор од Македонија, тоа се Сонер Ајрушов, Бирџан Еминов, Рамазан Мамудов, Туран Демиров, Ебу Талиб Аагушев“, вели тренерот Тархан Демиров.

БК Фамилија Демирови постои пет години и за најголем конкурент за титулата во Младинската лига го гледаат Ас, актуелниот шампион.

„Како клуб се бориме за градот Штип, како и моите колеги од Баргала и Пин пантер тим. Тие си имаат своја цел, но ние како клуб секогаш се бориме да постигнеме некоја цел. Благодарен сум на моите боксери кои се во репрентезацијата на Македонија“, вели Демиров кој што очекува во последното коло во Штип на 14 октомври да ја слават шампионска титула.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON