Промотерот на Фјури: Нгану е поголема закана за Тајсон од Вајт или Чисора

Непоразениот Тајсон Фјури последен пат ја бранеше титулата на ВБЦ во декември минатата година, кога со прекин во десетата рунда го совлада Дерек Чисора.

Британскиот тешкаш потоа дпговараше меч за апсолутен шампион против Александар Усик, а бидејќи тој меч не беше договорен, се насочи кон нови предизвици.

Од недела во недела го поврзуваа со потенцијални противници, а потоа стигна информацијата дека договорил борба против поранешниот шампион на УФЦ, Френсис Нгану,

Нивниот меч ќе се одржи на 28 октомври во Саудиска Арабија, а влогот во натпреварот нема да биде шампионскиот појас на Фјури во ВБЦ.

Промотерот Боб Арум неодамна го спореди Нгану со неодамнешните противници на Фјури, изјавувајќи дека Камерунецот е посилен и од Дерек Чисора и од Дилиен Вајт, кого го победи минатиот април со прекин во шестата рунда.

„Апсолутно поопасна борба за Тајсон Фјури! Нгану удира посилно од Чисора или Вајт и е поголема закана од кој било од нив. Кога си во рингот со таков удар, а не си во совршена форма, тогаш можеш да бидеш нокаутиран“, изјави Боб Арум и продолжи:

„Нгану е одличен удирач, веројатно најдобриот во историјата на УФЦ. Ќе биде навистина интересна борба и ќе биде забавно да се гледа“.

Нгану има репутација на еден од најголемите удирачи со тупаници во историјата на ММА, а сега тоа треба да го покаже и во боксот.

Останува да видиме дали Камерунецот може со својот удар да фати вешт боксер како Фјури, бидејќи Џипси Кинг е многу поискусен од неговиот следен противник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО