Тајсон во текот на вечера во 1988 година речиси го претепа Мајкл Џордан

Документарецот посветен на Мајкл Џордан и неговите Чикаго Булс – „Последниот танц“ веднаш се стекна со голема популарност и гледаност.

Документарната серија ги руши рекордите на гледаност на ЕСПН, а легендарниот кошаркар во еден момент од животот се наоѓа во инцидент со најмладиот светски шампион во историјата на тешката категорија.

На прославата на 28-миот роденден на американскиот фудбалер и членот на Чикаго Бирс, Ричард Дент, меѓу останатите гости беа и Тајсон, Џордан, тренерот на „Мечките“ Мајк Дитко, промоторот на Тајсон, Дон Кинг и менаџерот Рори Холовеј,.

Вечерата се одржа на 13 декември 1988 година по мечот на Булс и Атланта Хоукс.

Мајк Тајсон во тоа време беше непоразен и на врвот, но беше и среде тешкиот развод од сопругата Робин Гивенс.

Таа претходно одела со Џордан.

Како вечерта одминуваше Тајсон пиеше се повеќе и повеќе коктели и откако му попуштиле нервите го нападнал Џордан за неговата врска со Гивенс.

Инцидентот детално го опишал Холовеј, кој беше менаџер на Тајсон до 1998 година, во книгата „Taming the beast: Untold Story of Team Tyson“.

„Мајк Тајсон седи таму и го пие омилениот пијалок од „лонг ајленд ајс ти (чај)“. Кога пие, тогаш излегуваат неговите вистински чувства“.

„Му велам на келнерот да ги разреди пијалоците затоа што гледам каде води тоа. Мајк зјапа преку масата во Мајкл Џордан и вели:„Еј човече, дали мислиш дека сум глупав? Знам дека ја ебаваше мојата кучка“.

„Џордан изгледаше како да видел дух. Знам дека се муваше со неа. Може да ми кажеш. Очигледно беше дека Џордан сака да стане и да си замине. Не сакаше да има никаква врска со ова. Мајк се свртува кон Дитко: Човеку, мислиш ли дека некој ти се плаши заради расистичките гомнарии што ги зборуваше? Тогаш му рече на Дент: „Ричард, се плашиш ли од проклетиов белец? Тој е никој. Ќе му дозволиш да зборува така“?

„Тоа беше циркус. Дон Кинг се обидуваше да ја смени темата. Јас и Џон се обидувавме да го смириме Мајк. Мајк им кажуваше на сите дека ќе го претепа Џордан, Џордан скоцкан како и секогаш, не можеше да дочека да замине“.

Дитка ја раскажа својата верзија на приказната за Чикаго Сан-Тајмс.

„Мислам дека тоа беше во мојот ресторан, но не сум сигурен. Беше малку досадно. Мајкл Џордан нема да влезе во тепачка со никого. Тој е елегантен човек. Прво, најглупавата работа на светот е алкохолот. Кога пиете понекогаш сèшто излегува од вашата уста. И, веројатно токму тоа е она што се случи“.

Славникот Дент раскажа една сосема друга верзија во интервјуто во 2015 година во кое рече дека Дитка ниту бил на вечера. Џордан одби да го коментира инцидентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО