Тајсон повторно е тужен за силување во 90-тите, но жената сакала да остане анонимна

Некогашниот најопасен човек на светот, Мајк Тајсон, месецов доби своевидно „дежаву“ затоа што уште еднаш во животот е обвинет за силување.

Се разбира, сега е за старо дело, кое наводно датирало на почетокот на 90-тите, кога тој веќе одлежи три години во затвор поради исти обвинувања.

Обвинет е од жена, која во целиов процес побарала да остане анонимна. Според нејзиното сведоштво, Тајсон ја силувал во лимузина, откако го сретнала во ноќен клуб во Њујорк и поради тоа претрпела „физички, психички и емоционални повреди“ во годините кои следувале, па бара отштета од пет милиони долари.

Интересно е тоа што жената во својата изјава не навела точен датум на злочинот, туку само рекла „на почетокот на 90-тите“. Тужбата ја понела позната адвокатска куќа од Њујорк според која, првично не ѝ верувале на зборот на жената, но откако ги истражиле нејзините наводи, утврдиле дека се „многу веродостојни“.

„Неколку пати му реков ‘не’ и го замолив да престане, но тој продолжи да ме напаѓа. Потоа ми ги соблече пантолоните и насилно ме силуваше“, пишувало во изјавата на жената, во описот на случајот.

Тајсон сега има 56 години и негува неспоредливо помирен имиџ од 90-тите, кога имаше повеќе проблеми со законот. На 10 февруари 1992 година беше осуден за силување на Дезајр Вашингтон, во Индијанополис, па поради тоа мина три години зад решетки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО