Тајсон: Не е чудно што Хитлер многу го сакаше Мусолини, тој е мојата инспирација!

Majk Tajson za Musoin

Мајк Тајсон беше еден од најдобрите боксери во историјата, но надвор од рингот отсекогаш бил контроверзен. Неговите изјави и постапки секогаш креваа прашина, како што на пример, неодамна „проструи“ во јавноста дека сакал да го претепа Мајкл Џордан.

 Овој пат шокираше со изјавата за „Ролинг Стоун“, во која вели дека Бенито Мусолини му бил инспирација за време на снимањето на заеднички спот со Мадона за песната „Iconic“.

 – Додека го правевме си замислував дека сум личност како Мусолини. Тој ми беше инспирација. Кога го гледаш на телевизија, и покрај тоа што не го разбирам што зборува, тој делува толку фасцинантно. На тој начин се гледам и себе, рече Тајсон и продолжи:

 – Знам дека луѓето ќе речат дека тој е фашист, но човеку, можеш да извлечеш позитивни работи гледајќи го. Тој е хипнотизирачко лице. Има толку многу гордост во неговите зборови. Иако не сум Италијанец, ја чувствувам гордостсо зрачи. Не е чудно што Хитлер толку многу го сакаше, заклучи поранешниот боксерски шампион .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО