Ненад Келебиќ и Тодор Ристески во добро издание во Париз!

Cellebik na Paris

Ако по дождот доаѓа сонцето, иако во Македонија времето е облачно и претежно врнежлливо, во Париз се пробија сончеви зраци. По двата дена на лоши резултати на нашите каратисти, со исклучок на Симон Антиќ, денес, и тоа засега, можеме да бидеме задоволни од резултатите на нашите претставници во категоријата до 67 килограми на првиот турнир на Карате 1 Премиер лигата.

Јуначки настап имаше  Ненад Келебиќ (Цветан Димов), кој извојува четири победи, а во репасажот не смогна сили да се избори за бронзениот медал.

Келебиќ во првото коло го совлада Хосеин Самандарзави од Иран со 3-2, потоа Андреј Аделушин (Русија) 4-0, Ајуб Закариа (Мароко) 13-7 и Узеир Алишанов (Азербејџан) со 6-1, за да загуби од фаворитот Магди Ханаф од Египет со 0-6. Во репасажот беше победен Џанлука де Вива (Италија) со 8-2. Во вкупниот пласман  е седми, што е најдобар резултат на нашите каратисти на овој турнир.

И Тодор Ристески стартуваше со победа во првото коло против Бернард Кастро (Португалија) со 4-1, за потоа да ги совлада Јехор Корјахин (Украина) 3-2 и Џејмс Мек Фаден (Ирска) 4-1, а беше поразен од Амир Мади Задех (Иран) со 4-0.

Ико Ташов (Металург) немаше среќа и загуби во првата средба од Радо Андрианоада од Франција со 2-3.

Наташа Стефановска (Макпетрол) во категоријата до 61 килограм беше подобра од Линда Волш (Ирска) 3-2, но во наредниот меч Французинката Лусил Бретон беше поуспешна славејќи со 2-1.

ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО