Тајсон: Ќе ги земам тие пари и ќе им помогнам на бездомниците и браќата зависници

Мајк Тајсон кажа неколку новости поврзани со враќањето.

53-годишната легенда вели дека е близу до објавување на името со кое ќе влезе во рингот на првиот од неколкуте планирани егзебициски мечеви.

„Се чувствувам подобро од кога и да било во животот. Бог беше милостив кон мене човеку. Ќе се држам до тоа. Изгледам добро. Јо, Вејн, во моментов имам 105 килограми. Се подготвувам. Се подготвувам да им помогнам на некои луѓе кои се помалку среќни од мене. Ќе направам хуманитарен настан“, објави Тајсон на Young Money Radio Showu.

„Ќе ги земам тие пари и ќе им помогнам на бездомниците и ќе им помогнеме на браќата зависници. Затоа што и јас бев бездомник и бев зависник и знам колкава мака е тоа. Многумина, за разлика од мене, не преживеаја“.

Ривалот на Тајсон, Ивандер Холифилд, исто така, се подготвува за кам-бек, но „Железениот Мајк“ навести дека најверојатно тој нема да биде првиот противник.

„Не, не, имаме многу луѓе. Има толку многу луѓе што сакаат да го направат ова. Постојано сме во разговори, во овој момент правиме зделки. Вие нема да верувате какви се тие имиња кога ќе излезат. Ќе имаме договор следната недела “.

„И сите пари што ги заработиме одат на некој друг. Нема да земам ништо. Веројатно компанијата, мојата сопруга, бидејќи таа е мојот партнер, веројатно ќе заработат нешто, но моите пари одат во добротворни цели“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON