Хaбиб: Мек Грегор е најголем, но на социјалните мрежи

Пред неколку часа, Конор Мек Грегор објави дека се смета себеси за најголем во историјата на ММА. „Озлогласениот“ наведе голем број причини зошто тој треба да биде на врвот, а не легендите како Сент Пјер, Џон Џонс и Андерсон Силва. Овие изјави веројатно не и се допаѓаат на многу фанови, но Мек Грегор не го интересира тоа.

Поранешниот двоен шампион се закани дека сè уште не смего виделе најдоброто од него и дека само се загрева. Очигледно, големата ѕвезда на УФЦ се подготвува за нови подвизи, но еден борец не беше воодушевен од неговата сампопромоција. Шампионот во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов не верува во зборовите на Мек Грегор и го дотолчи со критики. Нурмагомедов го прогласи Мек Грегор за најголем, но на социјалните мрежи.

„Мек Грегор, се предаде во перо категорија, потоа во лесна и во полусредна категорија. Никогаш не бранеше титула, ниту во УФЦ ниту во Кејџ вориорс. Се предаде повеќе пати, отколку Џонс, Сент Пјер и Андерсон Силва заедно. Ти си најголемиот УФЦ борец во историјата на социјалните медиуми“, му напиша Хабиб..

Хабиб и Мек Грегор се бореа во 2018 година во Вегас, при што непоразениот шампион го совлада Ирецот со завршница и ја одбрани титулата.

https://www.instagram.com/p/CAiCD4FF9By/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CAjWgjzJK5l/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО