Пред неколку дена се навршија 31 години од денот кога Мајк Тајсон го претрпе првиот пораз во боксерската кариера, тогаш тоа беше огромен шок, бидејќи претходно Челичниот Мајк имаше 37 победи по ред, најголемиот дел од нив со нокаут во првата рунда.
Што се случи на тој 11-ти февруари 1990 година во Јапонија на дуелот на дотогаш непоразениот светски првак во тешка категорија против Џејмс „Бастер“ Даглас? Даглас го нокаутираше Тајсон во десетта рунда. Тајсон многу години подоцна, во својата автобиографија призна дека воопшто не сакал да се бори.
„Тогаш ме интересираа само забави со жени, не сакав да се борам. Дури ни снимка од тој меч немам гледано. Имав секс со собарки, секогаш кога жена ми ќе отидеше да купи нешто, јас се симнував кај една Јапонка. На еден ден пред борбата, бев со две собарки во исто време. Потоа со уште две девојки. Сето тоа придонесе да загубам. Тоа ми беше најлош ден во кариерата“ – раскажа Тајсон, кој освен зависност од секс, имаше проблеми и со дрогата и алкохолот.
Потоа кога се разведе со актерката Робин Гивенс, почна и финансискиот колапс на славниот Тајсон.