Херн за Џошуа и Фјури: Има проблем со Вајлдер

Организирањето меч помеѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа за обединување на сите појаси во тешка категорија може да биде спречено од трето лице.

Според Еди Херн, таборот на „Кралот на Ромите“ сè уште не се справил со тврдењата на Дионтеј Вајлдер за трет меч за титулата на ВБЦ и ова може да биде проблем.

„Ова е проблем и прашање за Топ ранг и Боб Арум. Бевме уверени дека нема да има пречки за решавање на нашиот меч. Колку што знам, Дионтеј Вајлдер требаше да боксира во јануари. Веќе сме во средината на февруари, па уште колку ќе чека тој? Тој не се борел цела година и полека колабира со секое наредно интервју. Тој мора да се врати на рингот. Ова е проблем во таборот на Фјури“, изјави Херн за Скај спорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО