Тајсон Фјури за Нгану: Тоа е како пинг-понг шампион да игра против Ѓоковиќ!

Утре шампионот Тајсон Фјури ќе боксира против поранешниот УФЦ шампион, Френсис Нгану кој дебитира во професионалниот бокс.

Двајцата се гиганти во своите спортови, но Тајсон Фјури смета дека нема што да бара Нгану во боксот.

„Мислам дека тој е голема дебела колбасица и ќе го нокаутирам. Ќе биде убаво и кратко“, вели Тајсон Фјури.

„Тоа е како пинг-понг шампион да се сретне со Ѓоковиќ во финале на Вимблдон, тотално различни светови“.

Нгану пред мечот тренираше со Мајк Тајсон, верува во себе, верува дека може да го победи големиот фаворит.

„Ако го допре оваа десна рака ќе го нокаутирам. Многу сум возбуден за утрешниот меч. Ќе им дадеме големо шоу на луѓето. Мислам дека борбата ќе заврши многу кратко“, рече Нгану.

Мечот почнува утре од 23 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО