Тајсон Фјури: Со секој врв има уште поголемо дно

Непоразениот шампион во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури, неодамна изјави дека имал двонеделна битка со депресијата по неговата тешка победа над поранешниот шампион на УФЦ, Френсис Нгану.

Тајсон ја забележа својата триесет и четврта професионална победа минатиот месец во Ријад, Саудиска Арабија. Фјури го доби натпреварот со поделена одлука против Нгану, но беше соборен и не убеди никого со својата победа. Сега е подготвен за претстојниот судир за обединување на титулата против непоразениот шампион во тешка категорија Александар Усик.

Мечот е закажан за февруари следната година во Ријад. Тајсон изјави дека нема да бега од оваа борба, бидејќи ќе му донесе уште 100 милиони долари.

„Во секоја борба паѓам во депресија две недели по борбата и сега сум на пат да го преболам тоа. Се враќам во реалноста. Знам дека ќе исчезне за околу две недели. Навикнат сум. Подемите и падовите на сето тоа. Со секој врв доаѓа уште поголемо дно.

Кој го прозва Усик против Фјури? Кој го прозва на неоспорна битка? Кој ја сака оваа борба? Навивачите го добиваат сега тоа, па не сакам да слушам поплаки. Нема поплака. Сега го имате она што го сакате. Наслдувајте се.

Нема да се откачам и да бегам. Што се случува сега? Ќе заработам уште 100 милиони“, изјави Фјури за Бокс сошл.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Queensberry (@queensberrypromotions)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО