Тајсон Фјури се откажува од титулата на ВБО

Fjuri vika so pojasi

Тајсон Фјури ќе се откаже од појасот на ВБО пред организацијата да го лиши од титулата светски шампион, соопштува „Тајмс“.

Како што е познато, британскиот боксер доби ултиматум од ВБО во рок од 10 дена да објасни зошто неговата титула во супертешка категорија „не треба да биде испразнета по дејствата со кои ги наруши кодексите за прифаќање на стимуланси и други супстанции кои ја зголемуваат спортската форма“.
Според „Тајмс“, под притисок Фјури ја донел одлуката да се откаже од појасот откако склучил договор повторно да се бори за титулата, штом ќе биде чист и се врати на боксерскиот ринг.
Тоа значи дека од четирите титули кои ги освои по победата над Владимир Кличко во ноември минатата година, на Фјури му остануваат само два појаси – на ВБА и ИБО.

tajson-fjuri-legnat-do-pojasite

https://youtu.be/aOhZRWs1_bg

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО