Тајсон Фјури сака борба на титаните со Френсис Нгану

Живата боксерска легенда Тајсон Фјури продолжува да се залага за боксерски меч со Френсис Нгану. Следниот викенд Нгану ќе ја направи последната битка од договорот со УФЦ. Неприкосновената титула ќе ја брани против непоразениот привремен шампион Сирил Гане.

Тие ја предводат главната борба на УФЦ 270, која ќе се одржи во Калифорнија. „Предаторот“ е категоричен дека повеќе нема да се бори за ниски плати и бара од УФЦ да му дозволат да прави боксерски мечеви доколку повторно потпишат.

Очигледно Фјури ја следи ситуацијата околу Нгану и го кажа следново на социјалните мрежи со видео:

„Само помислете на овој судир на титаните помеѓу Тајсон Фјури и Френсис Нгану. Многу сум возбуден поради ова. Мислам дека ќе биде неверојатна битка во Лас Вегас.

Цел свет ќе сака да ја види. Судир на титаните во тешка категорија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО