Тајсон Фјури пристигна во Саудиска Арабија во пресрет на мечот против Александар Усик (ФОТО)

Тајсон Фјури пристигна во Саудиска Арабија пред неговата борба против Александар Усик за апсолутен шампион во тешка категорија.

Двајцата непоразени тешкаши ќе се борат на 18 мај во Ријад за обединување на појасите на ВБЦ, ВБА, ВБО и ИБФ на кралската дивизија.

Нивната борба првично беше закажана за февруари, но откако Фјури се здоби со расекотина над окото за време на спаринг, борбата беше одложена за три месеци подоцна.

„Џипси Кинг“ влегува во борбата по неубедливата победа против поранешниот шампион на УФЦ Френсис Нгану, додека Усик ја одбрани светската титула со триумф над Даниел Дубоа.

Фјури и неговиот тим пристигнаа во Саудиска Арабија, каде што беше пречекан со цвеќе, а имаше и заедничка фотосесија.

Британскиот тешкаш сподели неколку фотографии со своите следбеници на Инстаграм и рече:

„Сите патишта водат до Огнениот прстен“.

Тој е придружуван од таткото Џон Фјури, менаџерот Спенсер Браун и тренерот ШугарХил Стјуард.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tyson Fury (@tysonfury)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО