Тајсон Фјури преговара со Австралиец со 22 чисти победи

Тајсон Фјури е во преговори за неговата следна борба против Австралиецот Демси МекКин. Веста ја соопшти неговиот менаџер – Анџело Ди Карло за Њуз корп.

„Ромскиот крал“ моментално е во посета на земјата за да го поддржи Џозеф Паркер во борбата против Фаига Опелу, додека бара стадион за да го одржи следниот меч.

МекКин, пак, има 22 победи со 14 нокаути и е без пораз. Во својата последна борба го нокаутира Патрик Корте за титулата на ИБФ Интерконтинентал, но профилот на повеќето негови противници е далеку од нивото на светскиот број 1 на рангирањето на речиси сите водечки организации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО