Џервонта Дејвис доби уште една судска битка

Се чини дека Џервонта Дејвис ужива во 2023 година повеќе од кој било друг боксер во светот, бидејќи не само што го нокаутира Рајан Гарсија за да го задржи статусот на непоразен, туку и победи во две последователни судски битки.

Пред неколку недели стана познато дека нема да помине ниту еден ден во затвор и покрај тоа што е виновен за предизвикување сообраќајна несреќа со четворица повредени. Судот потоа му изрече условна казна со општокорисна работа.

Сега може по третпат да крене раце триумфално, бидејќи обвинението за семејно насилство го отфрлила една од неговите девојки, која решила да се откаже од случајот пред да оди на суд, пишува Јаху спорт.

„Тенк“ сега ќе може целосно да се фокусира на својата боксерска кариера, се разбира се додека се поучува од своите законски проблеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО