Хени: Зборувајте си колку што сакате

Девин Хејни зборуваше по неговата борба против Васил Ломаченко, за кој многу експерти и обожаватели рекоа дека е еден од грабежите на годината во боксот. Сепак, шампионот тврди дека единствено важно е мислењето на судиите.

„На крајот на денот секој може да каже што сака. Судиите донесоа едногласна одлука и тоа е се што е важно. Секој од нив беше на мислење дека јас сум победникот“, изјави Хејни за Бокс сцена.

78-годишниот Дејв Морети, кој гласаше со 116 спрема 112 за „Сонот“, беше обвинет со најтешки критики. Тоа значи дека тој има видено само 4 рунди во корист на Украинецот, а и најтврдокорните навивачи на Американецот се на мислење дека „Лома“ заслужува повеќе. Тим Читман и Дејвид Сатерленд дадоа 115-113 за двајцата борци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО