Тајсон Фјури објасни што треба да се случи за да се случи мечот против Ентони Џошуа

Во петок Ентони Џошуа се бори со Френсис Нгану, а на 18 мај Aлександaр Усик го чека Тајсон Фјури во меч за титулата апсолутен светски шампион во рингот.

Деновиве шампионот на ВБЦ објасни дека тој и Џошуа мора да ги добијат следните борби за да можат да се договорат за долго најавуваната ‘Борба за Британија’.

Кога и двајцата беа шампиони, Фјури и Џошуа беа блиску до договор за меч во кој ќе се обединат титулите, но Џипси Кинг требаше да ја исполни својата договорна обврска и да има реванш во трилогијата против Дионтеј Вајлдер.

Сега Фјури го чека меч против Усик кон средината на мај, а потоа веројатно реванш, но доколку и двајцата Британци ги добијат тие борби, можеби ќе биде договорен тој долго најавуван меч.

Секако, не треба да се занемари фактот дека прв кој има право да атакува на светската титула е најдобриот хрватски боксер Филип Хрговиќ како прв предизвикувач на ИБФ.

„Турки Алалших (главниот задолжен за забавни и спортски настани во Саудиска Арабија, н.з.) рече дека победникот од борбата Џошуа – Нгану ќе добие шанса против подобриот од реваншот меѓу мене и Усик“, рече Тајсон Фјури за Скај спорт и додаде:

„ Усик и јас договоривме две борби оваа година. Многу работи се коцкаат. Кога сте на врвот во тешка категорија или што и да е овие денови Џошуа, неговиот меч против Нгану е многу ризичен. Тој не се бори за никаква награда освен пари, а ги има во изобилство“.

„Џипси Кинг“ се осврна на поразите на Џошуа против Усик.

„Двапати го претепа и сите бевме сведоци на тоа“, рече Тајсон Фјури и подвлече:

„Сега тој тип ми се најде мене на патот. Оставете ми го мене, тажното мало човече. Ќе го скршам, два пати ако сака. Само оставете го на Џипси Кинг. И после тоа можеме да ја организираме „Битката за Британија“, само ако го помине големиот човек Нгану. Немојте да мислите дека му претстои лесна задача, бидејќи овој голем човек може да погоди силно. Натпреварот може да заврши со нокаут“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО