Милијана Рељиќ е подготвена да избори норма за Олимписките игри во Париз

„Милијана-Мила Рељиќ е подготвена да избори норма за Олимписките игри во Париз“, вели нејзиниот тренер Александар Ефтимов.

Мила рељиќ е вториот наш преставник во теаквондо квалификациите за Олимписките игри 2024 во Париз ова лето. Квалификациите се одржуват утре и во недела во Софија, Бугарија.

„Во недела треба да имаме 3 борби за обезбедување на норма, противничките ќе ги знаеме во сабота вечер. Конкуренцијата е извонредна, а само две од Европа можат да изборат норма. Но, формата на Милијана е на максимлано ниво и со освојувањето на бронзениот медал не Европското првенство во декември во Букурешт и сребрениот медал на Турција Г1 опен пред месец дена ветува дека може да оствари олимписка норма и да ги победи своите противнички. Направени се анализи за стилот на борба и подготвени се тактики за можните потенцијални противнички. Се надевам на огромен успех во недела, вели Ефтимов!

Тој наведува дека подготовките се направени во матичниот клуб Тигри во салата во населбата Маџари во Скопје.

„Имавме и неколку спаринг- кампови со кои ја подигнавме формата на уште повисоко ниво“, истакнува Ефтимов.

Борбите на Милијана се во недела од 10 часот, додека на Дејан Георгиевски утре од 16 часот..

Рељиќ лани на ЕП за сениори беше петта, истиот пласман го имаше и на Европските игри, а на ЕП (до 21 година) во Букурешт во декември 2023 година освои бронза. Лани имаше и повеќе медали од престижните Г1-турнири, како на пример во Талин, Анталија, Балкан Г1-купот во Сараево…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО