Френсис Нгану е девет килограми потежок од Ентони Џошуа

Мечот меѓу поранешниот двократен светски шампион Ентони Џошуа и поранешниот борец на УФЦ, Френсис Нгану, ќе биде главен спектакл на боксот во петок во Ријад.

Пред настанот беше одржано официјално мерење, а вагата му покажа на Џошуа дека е за 9,1 килограм полесен од противникот.

Британецот во мечот влегува со 114,5 килограми, додека Нгану има 123,6 килограми.

По мерењето, се случи последното соочување каде и двајцата ги држеа очите еден кон друг.

Во конасловната борба, Жилеј Жанг го брани појасот на привремениот шампион на ВБО против Џозеф Паркер.

Кинескиот тешкаш на мерењето пристигна со 132,3 килограми, додека Новозеландецот е полесен за 20 килограми (112,3 килограми).

Настанот во Кингдом арената започнува во 17 часот, а Џошуа и Нгану треба да се сретнат во рингот околу 23 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО