Тајсон Фјури не запира со подготовките за мечот со Вајлдер (ВИДЕО)

Шампионот во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури продолжува да се подготвува за трилогијата со Дионтеј Вајлдер.

Пред неколку дена дознавме дека третата битка ќе се одржи во декември на стадион во Лас Вегас. Во последните неколку недели, Фјури го бркаше Дру Мекинтајр, шампион во тешка категорија на ВВЕ. Минатата година Фјури заработи многу пари од учеството во кечрството и очигледно сака повторно да лапне лесни пари. За жал, нема развој на можните настапи на Тајсон во кечерството, па реши да се врати во салата и да ги подобри своите вештини.

32-годишниот Британец ќе го заложи статусот на непоразен и титулата во тешка категорија против поранешниот шампион Вајдлер. На почетокот на оваа година се бореа во Невада, каде Фјури не му даде шанса на Американецот и го нокаутира во 7-та рунда. „Бронзениот бомбардер“ се сокри од сите по поразот и очигледно тренира напорно зад затворени врати. Наспроти ова, Фјури е активен на социјалните мрежи и објави неколку видеа од неговиот тренинг.

https://www.instagram.com/p/CFO4aWKJrdl/

https://www.instagram.com/p/CFKt2j_JLs2/

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО