Вајлдер е во неверојатна форма за трилогијата со Фјури

Поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер тренира далеку од очите на јавноста за трилогијата со Тајсон Фјури.

„Бронзениот бомбардер“ го загуби статусот на непоразен, како и појасот, откако Фјури го скрши и победи со нокаут оваа година. Вајлдер престана да биде активен на социјалните мрежи и се криеше од сите.

Рафаел Акпеџиори, штитеникот на Вајлдер, тврди дека Дионтеј е во неверојатна форма и никој не може да го победи. Непоразениот боксер му помогна на својот ментор во подготовките и рече дека ќе видиме поинаква верзија на Вајлдер.

„Од она што го знам, само Дионтеј Вајлдер може да го победи Вајлдер. Тој може да го победи Фјури ако се држи до планот на неговите тренери. Во моментов, Дионтеј е во неверојатна форма и ги има сите физички квалитети за победа. Ќе видите сосема поинаков Дионтеј Вајлдер физички и психички кога гонгот ќе удри.

Не сакам да зборувам за повредата на Вајлдер и ќе го оставам сам да зборува за тоа кога ќе дојде време. Разговаравме со Дионтеј и можам да кажам дека беше подготвен за Фјури уште во јули. Битката беше одложена за декември поради пандемијата. Вајлдер е гладен и сака што побрзо да се врати во рингот. Расположен е и едвај ја чека трилогијата со Фјури“, изјави Акпеџиори за формата на неговиот пријател.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО